Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо со два гола од пенал му донесе триумф на Јувентус на гостувањето кај Џенова со 3-1, а притоа постави еден неверојатен рекорд.
Роналдо е прв фудбалер, кој во 21 век стигнал до 400 победи во топ-5 лигите во светот, а најблиску до него е Лионел Меси со 365 победи, а потоа следи Џанлуиџи Буфон со 350 триумфи.
Роналдо до своите 400 триумфи стигна со настапите за Манчестер јунајтед во Англија, Реал Мадрид во Шпанија и Јувентус во Италија, додека Меси сите победи ги оствари со Барселона.
Португалецот против Џенова го одигра и 100. меч за Јувентус, а притоа постигна 77 голови. „Старата дама“ во моментов има шест победи и пет ремија сезонава и во Серија А се наоѓа на четврто место со 23 бодови.