Ваков Салах не го познаваме – ја отвори душата до крај и зборуваше за проблемите на Енфилд


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Мохамед Салах трет натпревар по ред беше на клупа. Во интервју за новинарите по разочарувањето против Лидс, ѕвездата се отвори.

Ливерпул гостуваше кај Лидс и водеше со 2:0 со головите на Уго Екитике во 48. и 50. минута, но потоа следеше вистински шок. Лидс успеа за две минути да изедначи на 2:2. Потоа, Доминик Собослаи ја врати предноста за Црвените, но во 96. минута, домаќинот постигна гол за реми.

Ливерпул сега е дури осми, а актуелниот првак на Премиер лигата има дури 10 поени помалку од водечкиот Арсенал. Oва е навистина лоша сезона за сите, а особено тешко му паѓа на Салах. Иако е една од најголемите легенди на клубот, веќе три натпревари е на клупа…

“Не можам да верувам, многу сум разочаран. Толку многу направив за овој клуб, сите можеа да го видат тоа низ годините, особено минатата сезона. Да сум на клупа, не знам зошто. Се чувствувам како клубот да ме фрла под автобус. Така се чувствувам”, вели Салах.