До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во последно време фудбалерите од целиот свет се обидуваат да бидат што е можно поиновативни кога станува збор за изведување на пенали, но еден играч од Бразил отиде чекор понапред и претстави тактика која го изненади голманот потполно.
Натпреварот од бразилската Паулиста кој синоќа го одиграа Portuguesa и Corinthians се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност поради пеналот за кој сите зборуваат.
Масејо ја намести топката на белата точка, но голманот на Коринтијанс не беше подготвен за она што противникот го подготвил.
Тој не ни зеде залет, веднаш од место ја шутна топката и даде гол. Голманот на гостинот не го очекуваше тоа, затоа што не се ни помести по ударот на противникот.
.Irmão, olha essa batida de pênalti do Maceió para a Lusa. Que personalidade.
— Doentes por Futebol ⚽ (@DoentesPFutebol) 23 февруари 2026
A câmera nem pegou na hora.pic.twitter.com/6hyfSodJ0w















