Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во возбудлив натпревар Лос Анџелес клиперс славеше против градскиот ривал Лос Анџелес лејкерс со 105-102, а Леброн Џејмс со звукот на сирената промаши удар за три поени.
Овој натпревар донесе нешто што досега не се памети во најсилната кошаркарска лига. Последните 26 секунди од мечот беа долги дури 20 минути, а тоа се случи поради судиски прегледи на акциите, како и тајм-аути на тимовите.
На 26,3 секунди до крајот тренерот на Клиперс, Тајрон Лу побара преглед на акцијата, а судиите ја гледаа снимката дури 10 минути, потоа имаше и прегледување и на прекршокот на Хортон-Такер врз Реџи Џонсон.
Лејкерс не искористи два напади до крајот, откако најпрво се обиде Кармело Ентони, а потоа и Џејмс, па Клиперс запиша уште една победа.
LeBron had a chance to tie the game late but missed the attempt.
— ESPN (@espn) February 26, 2022
The Clippers get their 6th straight win vs. the Lakers. pic.twitter.com/IdxzH7yyLe