Вакво нешто не се случило: Ѓоковиќ за првпат до финале стигна на неверојатен начин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ за првпат доживеа вакво нешто во кариерата. Тој се пласираше во неговото 30. гренслем-финале, а тоа ќе биде седмо на Вимблдон.

Ѓоковиќ се пласираше во ново финале, а статистиката покажува дека патот до него бил најлесен досега во кариерата на Србинот.

Српскиот тенисер до завршницата стигна така што немаше ниту еден противник од топ-10 на АТП-листата, па сега пред него останува само мечот против Италијанецот Матео Беретини.

„Што имаме од статистика за денеска? Имам привилегија да испишувам историја во спортот кој го сакам и кога ќе слушнам дека нешто историски се случува, тогаш ми е полна душата“, вели Ѓоковиќ.