Валенсија одбила 53 милиони евра за Андре Гомеш?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличен играч, но дали баш до толку шпанскиот клуб да бара двојно повеќе?

Познато е дека во фудбалскиот свет во последните години се вртат астрономски суми. Последниот пример пристигнува од Пиринеите. Каталонските медиуми пишуваа за интересот на Барселона за Андре Гомеш, но и каталонскиот гигант веројатно се откажа кога слушна колку Валенсија бара за 22 годишниот фудбалер.

Наводно, понудата од Јувентус од 45 милиони евра била одбиена, а истото се случило и со онаа на Челси која изнесуваше 53 милиони.

Валенсија сака да ја искористи конкуренцијата од најбогатите клубови во Европа, бидејќи покрај споменатите три клуба интерес покажаа уште Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Планот на Валенсија, прашање колку е изводлив, е од Гомеш да заработат 115 милиони евра, а без 85 милиони евра не сакаат ниту да преговараат.