ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Барселона остана без Лионел Меси минатото лето, па тешко дека ќе може да се бори за трофеи со моменталниот состав, сепак Жоан Лапорта бара начин како да ги врати долговите и да купи нови засилувања.
Шпански „АС“ објави дека Барселона го сака Килијан Мбапе од ПСЖ и планира да му го украде на Реал Мадрид, кој летово не успеа да го купи, но ќе се обиде тоа да го направи следното лето.
Барселона, наводно, со помош на Пини Захави, кој го договараше трансферот на Нејмар во ПСЖ, ќе го нападне Мбапе оваа зима и ќе се обиде да го убеди да потпише за нив.
Извор близок до клубот тврди дека Барселона ќе му понуди 90 милиони евра за потпис на договорот на Мбапе, зашто не треба да исплатат ниту евра на ПСЖ, кој има договор со Французинот до 2022 година.