Валверде ги одби екипите од С. Арабија: Парите ништо не ми значат, ќе играм за Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид, Феде Валверде кажа дека повеќе не му значат парите и сака да остане во шпанскиот гигант.

Во пресрет на Суперкупот на Шпанија во С. Арабија, Валверде доби прашање дали би ги следел стапките на Кристијано Роналдо, но и на останатите фудбалери кои си заминаа од Европа.

„Во моментов невозможно е да се преселам во Саудиска Арабија. Нема шанси. 10, 20 или 30 милиони евра не ми значат ништо. Сакам да играм за Реал Мадрид. Тоа е најдобриот тим во светот“, кажа Валверде.