Валверде со коментар по најавите дека ќе биде сменет


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неколку шпански медиуми објавија дека Ернесто Валверде би можел да добие отказ од редовите на Барселона по катастрофата против Ливерпул во Лигата на шампионите.

По ваквите најави свој коментар даде тренерот на Барселона и посочи дека чувствува дека има поддршка од претседателот на клубот.

„Се чувствувам силно. Јас сум во ред и чекам шанса да го однесам клубот чекор понапред. Нема да се кријам зад ѕид. Зборував со претседателот и чувствувам дека имам поддршка од него. Кога нешто вакво ќе се случи изгледа дека се се распаѓа на парчиња, но ние знаеме каков е овој свет“ –истакна Валверде.