Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Фудбалската легенда Марко ван Бастен жестоко ги искритикува судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж во судиското продолжение остана без победничкиот гол против Барселона.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3, што ја остави Барселона на 11-то место на вкупниот пласман.
Спорната ситуација погледнете ја во приложеното видео од 11:14 минути.
Се чинеше дека Клуб Бриж стигнал до изненадувачка победа кога Ромео Вермант во судиското продолжение постигна гол за 4:3. Сепак, славјето на домашните беше прекинато по долгата ВАР проверка, а голот беше поништен поради фаул на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчезни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марко ван Бастен, кој на програмата на холандската телевизија отворено го изнесе своето мислење. „Клуб Бриж е ограбен. Голот за 4:3 требаше да биде признат. Не го фаулираше Шчезни, не го допре ниту. Шчесни направи да изгледа како прекршок, но не беше“, воскликна трикратниот освојувач на Златната топка.
















