Ван Бастен: Салах има мозок како инсект


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Холандската фудбалска легенда Марко ван Бастен остро го критикуваше Мохамед Сала, посочувајќи дека ѕвездата на Ливерпул има “мозок како инсект”, како реакција на вербалниот изблик на Египќанецот кон тренерот на Црвените, Арне Слот. Сала јавно изрази незадоволство откако третиот пат по ред на натпревар во Премиер лигата остана на клупата за резерви, пишува Goal.com.

Откако минатата сезона по рекорден четврти пат ја освои Златната копачка на Премиер лигата, Сала во сезоната 2025./26. доживеа значителен пад во форма. Египетскиот напаѓач досега постигна само пет голови и забележа три асистенции во 19 настапи на сите натпревари.

Поранешниот холандски репрезентативец и легендарен напаѓач Марко ван Бастен ги коментираше однесувањето на Сала за Ziggo Sport на брутален начин.

“Би рекол: мозок како инсект. Ако така реагираш… Минатата година беше многу добар, но оваа сезона не е добар. Последните неколку месеци едноставно беше лош. Слот секогаш го сметам за искрен и директен. Не бега од конфликти и не кажува ништо неразумно. Сала, од друга страна, вистински почна да го напаѓа човекот и на погрешен начин да реагира.”