Ван Бисака ги поминал медицинските прегледи, познато кога ќе биде официјалната презентација

„Скај спортс“ пренесува дека Арон Ван Бисака ги завршил медицинските прегледи во Керингтон.

Како што пренесува медиумот утре се очекува и официјална презентација на играчот како нов член на Манчестер Јунајтед.

Уште вчера излезе информација дека Манчестер Јунајтед и Кристал Палас си пуштиле рака за трансфер вреден 45 милиони фунти, а играчот ќе заработува околу 90.000 фунти неделна плата.

Ван Бисака потпишал шестгодишен договор со Манчестер Јунајтед кој ќе го задржи на „Олд Трафорд“ до 2025 година.