Ван Бисака го напушти „Олд Трафорд“ и потпиша за Вест хем


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Талентираниот фудбалер Арон Ван Бисака по пет години го напушти Манчестер јунајтед и се пресели во Вест хем.

Ван Бисака потпиша седумгодишен договор со екипата од Лондон, а засега не се открива колку пари платил Вест хем за неговиот трансфер.

„Возбуден сум што ќе играм за Вест хем. Роден сум во Лондон и го знам секој дел на градот. Со нетрпение чекам да излезам на теренот“, кажа Ван Бисака.