Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк е главен кандидат за „Златната топка“, а тоа го заслужи со неверојатните настапи, кадешто покажуваше моќ и доминација.
Ливерпул со негова помош стигна до титулата во Лигата на шампиони, а беа и на праг до освојување на Премиерлигата, па Ван Дајк притоа имаше неверојатна статистика, зашто не беше издриблан на 65 меча по ред.
Сепак, во текот на мечот во Комјунити Шилд, кој го доби Манчестер сити по пенали, по речиси една година Габриел Жесус го издрибла Ван Дајк и ја прекина неверојатната серија.
Претходно Ван Дајк беше издриблан во март 2018 година кога го премине Мајкл Марино, кој тогаш настапуваше за Њукасл.
Gabriel Jesus destrói Van Dijk com este drible. O central afinal já não é “indriblável”. pic.twitter.com/4ZJSFWOl5R
— Martim Matos (@MartimMatos20) August 4, 2019