Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул пропушти шанса да го победи Манчестер јунајтед и мораше да се задоволи само со бод (2-2).
Екипата на Јирген Клоп доминираше во првото полувреме, но искористи само една шанса за водство од 1-0, по што „ѓаволите“ се вратија во игра со голот на Бруно Фернандеш по грешката на Ливерпул.
Меино потоа постигна прекрасен гол за 2-1, а Салах од пенал обезбеди бод за „црвените“ и поради тоа паднаа на втората позиција во Премиерлигата.
„Требаше да имаме водство од 2-0 на полувреме. Сами сме виновни затоа што не ги искористивме шансите и му дадовме шанса за спас на противникот“, кажа Вирџил Ван Дајк.