Ван де Бек го избра бројот во Манчестер Јунајтед со кој ќе му оддаде почит на неговиот другар


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Дони ван де Бек веројатно ќе го носи дресот со број 34 во тимот на Манчестер Јунајтед со кого е пред договор.

„Дејли Мејл“ јавува дека холандскиот фудбалер овој број ќе го избере во чест на неговиот близок пријател, Абделхак Нури кој на натпревар против Вердер Бремен доживеа оштетување на мозокот по што долг перио беше во кома.

Пред извесен период братот на Нури истакна дека фудбалерот се разбудил од кома и дека реагирал на некои знаци од неговото семејство.