Ван де Бек отфрли трансфер во јануари, но на лето дефинитивно стигнува во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


22 годишниот фудбалер на Ајакс, Дони ван де Бек категорично отфрли заминување од Ајакс во јануарскиот преоден рок.

За него има интерес од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, меѓутоа младиот фудбалер истакна дека не планира да си оди од холандскиот тим сред сезона.

Ван де Бек најави дека би можел да размисли и за останување во Ајакс следната година, меѓутоа медиумите на Островот пренесуваат дека тој речиси сигурно ќе се пресели во Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок кога ќе следи реконструкција на тимот на „ѓаволите“.