Ван Дер Сар го напушти Ајакс по ужасните резултати


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот Едвин Ван Дер Сар си поднесе оставка од позицијата генерален менаџер на Ајакс по лошите резултати оваа сезона.

Ван Дер Сар беше во клубот од 2016 година, меѓутоа Ајакс оваа сезона заврши на третото место и остана без пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), а тоа предизвика незадоволство кај навивачите.

„По речиси 11 години на клупскиот брод, јас си заминувам. Имавме убави моменти, но исто така и тежок период. Многу сум благодарен на луѓето кои ги запознав за време на мојата втора кариера во Ајакс“, кажа Ван Дер Сар.