Ван дер Сар го „олади“ Јунајтед: Нема да има попуст за Ван де Бек!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Извршниот директор на Ајакс, Едвин Ван дер Сар, кој е поранешен голман на Манчестер јунајтед, кажа дека Дони Ван де Бек може да замине во овој преоден рок, но дека заинтересираните страни не треба да очекуваат попуст поради пандемијата.

Медиумитего поврзуваа Јунајтед со 23-годишниот фудбалер, кој во 37 меча за Ајакс сезонава постигна 10 голови и 11 асистенции.

Во исто време, многу се шпекулира за фудбалскиот пазар оваа година, со оглед на тоа дека сите очекуваат цените драстично да се намалат поради пандемијата на вирусот.

Ван Дер Сар вели дека Ајакс ги почитува фудбалерите кои во претходните години им донесоа многу успеси, па нема да има намалување на цените на ниту еден од нив.

„Ништо не е променето. Нема да има попуст од 50 проценти. Клубовите може да заборават на тоа“, кажа Ван дер Сар.