Ван Дер Варт јасно го изрази незадоволството од ѕвездата на Реал Мадрид: Многу ме нервира кога го гледам


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт повторно го сврте вниманието на јавноста со своите директни и бескомпромисни изјави.

Овој пат мета на неговите критики стана бразилскиот репрезентативец и ѕвезда на Реал Мадрид, Винициус Жуниор.

Ван дер Варт не го криеше незадоволството од начинот на кој игра Винициус, особено кога станува збор за неговото однесување на теренот.

„Многу ме нервира кога го гледам”, рече поранешниот играч од средниот ред, јасно изразувајќи го своето мислење за младиот Бразилец.

Иако упати критики, нагласи дека не го оспорува квалитетот на Винициус како фудбалер.

.