Ван Гал откри дека има тешка болест: Навечер одам во болница за да не ме видат новинарите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на Холандија, Луј Ван Гал откри тажни вести за навивачите при гостувањето во една емисија, кога кажа дека има тешка болест.

Легендарниот тренер призна дека боледува од рак на простата и истиот е агресивен затоа што не е во прва фаза.

Ван Гал долго време знае дека ја има опасната болест, но не им открил на своите фудбалери. Меѓутоа, ситуацијата станала посериозна и затоа реши да ја отвори душата.

„Имам рак на простата. На играчите сè уште не сум им кажал. Кога ќе ми ги забележат образите, сите мислат дека сум здрав, но тоа не е вистина. Минувам низ најтешкиот период во животот“, вели Ван Гал.

Тренерот откри дека е чест гостин во болница каде што имал веќе 25 зрачења, а таму оди само навечер за никој да не го види од новинарите.