Ван Гал со совет до Матијс Де Лигт да потпише со тимот од Манчестер


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал упати совет до стоперот на Ајакс, Матијс де Лигт да потпише со Манчестер Сити.

Де Лигт е мета на интерес на неколку европски гиганти меѓу кои и Манчестер Сити, а се верува дека Барселона ќе биде негова следна дестинација. Ван Гал смета дека Каталонија е перфектна дестинација за него, но го советува доколку трансферот таму пропадне да потпише за Манчестер Сити.

„Доколку  добие шанса треба да оди во Барселона.  Имаат дефанзивци кои се слаби, па со сигурност ќе игра таму. Ако не испадне да се пресели во Барса, би го советувал да оди во Манчестер Сити. Ни таму стоперите не се силни, па со сигурност ќе игра“ –коментираше Ван Гал.