Ван Нистелрој доби нова работа – ќе тренира поранешен англиски шампион


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендарниот Руд Ван Нистелрој неодамна го напушти Манчестер Јунајтед по доаѓањето на тренерот Рубен Аморим, но Холанѓанецот ќе остане во Премиерлигата.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека поранешниот англиски шампион Лестер Сити постигнал договор со Ван Нистелрој, кој ќе седне на кормилото на „лисиците“.

Ван Нистелрој доаѓа во Лестер, откако екипата претходно му даде отказ на Стив Купер по лошите резултати на почетокот на сезоната.

Лестер имаше лош старт и го чека тешка битка за опстанок во елитата, откако минатата сезона се избори за враќање во Премиерлигата.