Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
Разводот помеѓу Мауро Икарди и Ванда Нара, кој се одвива пред италијанските судови, прераснува во вистинска правна битка – а најновите детали би можеле целосно да го променат текот на процесот.
Според информациите кои ги изнесе новинарот Густаво Мендез во емисијата „Мухерес Аргентинас”, Икарди е решен да докаже дека Ванда била неверна во текот на бракот, што според италијанскиот закон би можело да има сериозни финансиски последици за неа.
– Тоа што ми јавуваат е дека, ако се потврди прељубата, а Мауро е уверен дека тоа ќе се случи, Ванда ќе мора да го издржува Икарди додека тој повторно не се ожени – откри Мендез.
Наводно, Икардиовиот правен тим подготвува докази за наводните афери на Ванда со тројца мажи: фудбалерот Федерико Фацио, Кеита Балде (чија афера ја потврди неговата сопруга Симона во ТВ интервју) и пејачот Л-Ганте, со кој Ванда, како што тврди Мендез, наводно започнала врска уште во 2022 година.
Покрај тоа, адвокатката Маријана Галего истакна дека Икардиовиот тим се обидува да го оспори и предбрачниот договор потпишан во 2021 година за време на познатиот “Чајна-гејт” скандал. Тогаш договорот беше претставен како начин да се заштитат имотот и интересите на двете страни, но сега се тврди дека Ванда потпишала под притисок.