Ванда не можела да издржи – платила хакери за да го пробијат телефонот на Икарди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Љубовната сапуница меѓу Мауро Икарди и Ванда Нара продолжува. Иако изгледаше дека напаѓачот на ПСЖ успеал да се смири со сопругата, откако во неделата објави заедничка фотографија, сепак има големи шанси тие да се разведат.

Ванда, наводно, се сомневала дека се случува нешто во животот на Икарди и наводно пронашла приватен детектив, кој го хакирал телефонот на Икарди и таму ги открил пораките кои биле разменувани со аргентинската актерка Евгенија Суарез.

Дел од медиумите пишуваат дека таму имало само една порака од страна на Евгенија и дека сѐ останало само на тоа и немало ништо повеќе.

„Би сакала да ве запознаам во некој бар во дел на светот, каде што никој не ве познава“, му напишала Евгенија на Икарди.