Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Љубовната сапуница полека доаѓа кон крајот, а очигледно Ванда Нара и Мауро Икарди ќе останат заедно, иако претходно ги потпишале документите за развод и биле блиску до разделба.
Фудбалерот на ПСЖ не сакал да ја пушти сопругата, па поради тоа се врати во Милано за да ги среди односите со Ванда, кој објави фотографија и голема порака до јавноста за да ја објасни нивната ситуација.
„Фотографијата покажува колку бевме среќни, ме повреди тоа што се случи. Побарав развод од Марио, кога сфати дека нема враќање назад и тој ми кажа дека не можеме да продолжиме. Двајцата сфативме дека разделбата е начинот со кој ќе ја прекинеме болката. После два дена потпишавме развод. Следниот ден Мауро ми напиша писмо – Сѐ ти дадов и имаш сѐ, се надевам дека ќе бидеш среќна. Тогаш сфатив дека и да имам сѐ, нема да бидам среќна како со него. Душата уморна од плачење нѐ натера повторно да се одбереме. Те сакам, Мауро“, стои во статусот на Ванда.