Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец, импресионираше во својот нов клуб Торино, постигнувајќи веќе два гола. Неговите игри беа забележани од страна на тренерот Паоло Ваноли, кој пред натпреварот со Парма упати пофалби за перформансите на Елмас.
Според Ваноли, Елмас брзо се прилагодил на новиот амбиент и досега демонстрираше квалитетна игра. Сепак, тренерот верува дека вистинскиот потенцијал на Елмас само што почнува да се открива.
„Прашањето дали Елмас е во топ-форма останува отворено, но верувам дека може да биде уште подобар. Од него очекував значителен придонес и задоволен сум од тоа што го прикажува на теренот. Истото важи и за другите две засилувања. Елмас поседува извонредна техника, а поради неговиот стил на игра понекогаш изгледа како да не троши многу енергија на теренот,“ изјави Ваноли.