ВАР ги уништи соништата на познат тим: Беа светски шампиони, а титула не дочекаа ни по четири децении! 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Завршницата на бразилската Серија А беше буквално за срцев удар, а титулата на крајот ја освои Фламенго со бод повеќе од Интернасионал, кој и понатаму ќе продолжи да го чека трофејот.

Соништата на Интернасионал ги уништи ВАР-технологијата. Домаќинот доби пенал, а потоа беа постигнати два гола, меѓутоа технологијата покажа дека станувало збор за недозволени ситуации.

Реакциите на фудбалерите на Интернасионал беа изненадувачки, а имаше и протести кај судијата, но резултатот остана 0-0.

Интернасионал последен пат шампион на Бразил беше во далечната 1972 година, а интересно е тоа што во меѓувреме беа светски шампиони, а двапати го освоија и Копа Либертадорес.