ВАР го ограби Реал Мадрид: Родриго остана без гол против Жирона (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид одигра 1-1 против Жирона во 12. коло од шпанската Ла Лига, иако делуваше дека шпанскиот шампион треба да го добие натпреварот.

Винисиус Жуниор погоди за водство на „кралевите“ во 70. минута од мечот, по што гостите израмнија на 1-1 од пенал преку Стуани.

Во финишот од мечот се случуваше вистинска драма поради која Реал може да жали, иако Родриго погоди за 2-1, но сепак ВАР-технологијата донесе контроверзна одлука според многумина.

Голманот го одбрани првиот удар на Родриго, а потоа и вториот, по што се обиде да ја собере топката, но Бразилецот ја испрати во мрежа и направил прекршок.