Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Деветтото коло во Бундеслигата беше отворено синоќа со дуел меѓу двете екипи од долниот дел на табелата, односно Мајнц и Келн (3-1), но гостите имаа забелешки на судењето и ВАР-системот.
Гостите стигнаа до првиот гол на мечот преку Тероде, но Мајнц успеа да направи пресврт. Најпрво Ботиус во 21. минута погоди за 1-1, а 12 минути подоцна Квајсон стрелаше за 2-1.
Набрзо гостите беа сигурни дека ќе добијат голема шанса да го израмнат резултатот, но тоа сепак не се случи.
Во 63. минута кога Кингсли Шиндлер испрати центаршут пред голот на Мајнц, но топката очигледно во рака го погоди дефанзивецот на домаќините Муса Ниакате.
Меѓутоа, ВАР ги разочара гостите, зашто по прегледување на снимката беше решено дека нема пенал, иако сите видоа дека топката го погоди дефанзивецот во рака.
Horrific officiating. Clear penalty, obvious handball. Not only does the ref miss the incident, the VAR review also said no pen. Shocking. #M05KOE pic.twitter.com/gxpZFtFYIA
— James Jukes (@JamesJukes2) October 25, 2019