ВАР „заспа“ во Лисабон: Ѕвездата на Реал направи нешто незамисливо, а помина целосно неказнето за својот чин (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пред неколку минути заврши возбудливиот натпревар помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, а на многумина, вклучително и на судиите им помина незабележано еден детал од 83. минута на средбата.

Синоќа се одигра многу бурен натпревар од Лигата на шампиони помеѓу Бенфика и Реал Мадрид.

По нешто помирното прво полувреме, во вториот дел од натпреварот настана вистински хаос.

Винисиус Жуниор постигна еврогол за водство на кралскиот клуб, а потоа следеше „шоуто“.

Натпреварот продолжи по десетина минути пауза, но тензиите на теренот не се смирија.

Многумина во целиот овој хаос го пропуштија деталот од 83. минута на натпреварот.

Имено, Валверде при дуелот со Дал стегна шака и го удри Швеѓанецот право в лице.

.