Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Екипата на Манчестер Сити успеа да ја сочува предноста од првиот натпревар во Мадрид и со нова победа против Реал од 2:1 се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
На поразот на „кралевите“ кумуваше катастрофалната игра на Рафаел Варан кој беше директен виновник за двата погодоци на Манчестер Сити.
Домаќинот дојде во водство уште во раниот дел од средбата кога Рахим Стерлинг ја искористи асистенцијата на Жезус кој пак ја искористи грешката на Варан.
Резултатската неизвесност ја врати Карим Бензема кој во 28. минута изедначи на 1:1, па во вториот дел се очекуваше повторно убав фудбал.
Наместо тоа, следеше нов кикс на Варан по кој Жезус постигна гол за 2:1, а потоа Сити знаеше како да го зачува до крај ова водство.