Варан го потврди трансферот во Јунајтед и се збогуваше со Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред неколку дена Манчестер јунајтед го купи Рафаел Варан од Реал Мадрид за 50 милиони евра, а францускиот стопер денеска ја потврди преселбата на Островот.

Во емотивна порака на социјалните мрежи му се заблагодари на поранешниот клуб и најави почеток на нова епизода во кариерата.

„Во претходните неколку денови бев исполнет со емоции и чувства кои сакам да ги споделам со вас. По 10 неверојатни години во Реал Мадрид, клуб кој секогаш ќе го носам во срцето, дојде време да се разделиме. Откако дојдов тука во 2011 година, заедно исполнивме многу очекувања. Сакам да им се заблагодарам на сите за тоа што го направија за мене. Голема благодарност до сите навивачи. Имав голема чест да ја делам соблекувалната со најдобрите играчи во светот“, напиша меѓу другото Варан.