Варан конечно откри зошто си замина од Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот дефанзивец Рафаел Варан минатото лето го напушти Реал Мадрид и потпиша за Манчестер јунајтед.

Варан конечно реши да откри зошто си заминал од шпанскиот тим, каде што имаше сигурно место во одбраната.

„Одлуката не ја донесов преку ноќ. Размислував долго за неа и сакав да го напуштам Реал Мадрид без караница. Сакав да си ја пробам среќата во друг тим, да откријам нешто ново“, кажа Варан.

Варан настапуваше за „кралевите“ од 18-годишна возраст, кога пристигна од Ленс, но по 10 години си замина од Мадрид.

Французинот пристигна во Манчестер јунајтед за сума од 40 милиони евра, а потпиша договор до 2025 година.