Варан преферира трансфер во Премиер лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доколку и дефинитивно се реши за заминување од Реал Мадрид, Рафаел Варан ќе ги разгледа единствено понудите кои ќе  стигнат од Премиер лигата.

Со ова, францускиот стопер става крај на шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер во редовите на ПСЖ.

Манчестер Јунајтед долго време ги следи настапите на 25 годишниот стопер на Реал Мадрид, а „АС“ сега пренесува дека „ѓаволите“ повторно се фаворити за неговиот потпис. Сепак, ситуацијата ја разгледуваа и од таборот на Челси од каде сакаат да донесат стабилен дефанзивец за следната сезона.