Варан пристигна на подготовки со Реал Мадрид, но чека повик во секој момент од Манчестер 🎥

Францускиот фудбалер Рафаел Варан пристигна во тренинг-базата на Реал Мадрид, каде што ќе ги почне подготвките за новата сезона, иако долго време го поврзуваат со трансфер во Манчестер јунајтед.

Варан беше на продолжен одмор поради настапот на Европското првенство (ЕП), а сега го очекува бурен период во кој треба да реши дали ќе остане во Мадрид или ќе замине во друг европски гигант.

Французинот има уште една година од договорот со „кралевите“ и не сака да ја продолжи соработката, а се шпекулира дека веќе ги договорил условите со Манчестер јунајтед.

Јунајтед се очекува за неговиот потпис да му плати 50 милиони евра плус бонуси на Реал.