Варан сака да замине во Манчестер јунајтед, но покажа голема почит кон Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Рафаел Варан ова лето најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се споменува Манчестер јунајтед.

Варан се покажа како полн погодок за „кралевите“ по пристигнувањето од Ленс, меѓутоа во последните две години играше многу лошо.

Поради тоа многумина го отпишаа и веднаш почнаа шпекулациите дека Варан сака да го напушти Мадрид за да најде нов предизвик во кариерата.

Варан има договор со „кралевите“ на уште една година и не се согласи да ја продолжи соработката поради што Реал би можел да го продаде уште летово.

Фабрицио Романо објави дека менаџерите на Варан му порачале на Реал Мадрид дека има желба францускиот дефанзивец за нов предизвик, но притоа Варан покажал почит кон „кралевите“ затоа што му е важно Реал да биде задоволен со понудата која ќе ја добие.