Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар побара смена на Миле Ристевски, комесар за делегирање судии во Фудбалската федерација на Македонија.
„Ние како клуб вината за неуспесите и поразите ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица, констатиравме дека во изминатите 13 кола Вардар е најоштетн во однос на судиските грешки. Оставаме органите и телата на ФФМ да си ја работат работата и да ја покажат својата стручност околу грешките и спорните моменти. Поради ова бараме и од останатите клубови поддршка за ИТНА смена на Ристевски и воведување ВАР за следната сезона“, соопшти Вардар.
„Црвено-црните“ во моментов се на претпоследната позиција со 11 бодови, односно еден повеќе од Тиквеш.