Вардар донесе неочекувано засилување: Нов член на „црвено црните“ е полски пикер


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Се уште актуелниот европски шампион, Вардар донесе ново засилување откако се реши да потпише договор со полскиот интернационалец, Патрик Валчак.

Станува збор за пикер кој досега играше во тимто на Либек кој настапуваше во Втората Бундеслига.

Валчак е и репрезентативец на Полска, а во својата кариера има настапувано и за најпознатиот полски тим, Келце.

27 годишниот ракометар ќе му е конкуренција на Стојанче Стоилов и Глеб Калараш на позицијата кружен напаѓач.

Претходно тимот го напуштија Домен Сикошек Пелко и Сергеј Горпишин кои минатата сезона беа пивотмени на клубот.