Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар одигра натпревар во 1/16 финалето од купот на Македонија против Скендербег Порој на гости и славеше со 0:9.
Дарко Глишиќ погоди за водство на вардарци. Евгениј Новак зголеми на 2:0 во 21-ва минута. Следуваше и трет погодок во мрежата на Скендербег кој беше дело на Џон Обрегон. 45-та минута и пенал за Вардар, Хамбарџумјан беше сигурен од белата точка. Петиот погодок за Вардар го постигна Петар Петковски. На полувреме 0:5. За 2 минути Гроздановски постигна 2 погодоци во мрежата на Скендербег за водство од 0:7. Петар Петковски го постигна 8-миот погодок за Вардар, втор негов. Обрегон со својот втор погодок на натпреварот во 70-та минута ги постави конечните 0:9.