„Вардар има многу навивачи и богата историја, сакаме да му помогнеме!“


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Долго време се шпекулира дека македонскиот тим Вардар наскоро ќе добие нов сопственик и тоа од Бугарија. Благој Георгиев е заинтересиран да го преземе скопскиот тим, а тоа го потврди и за бугарска телевизија.

Георгиев кажа дека сака да помогне на клубот, откако дознал каква е ситуацијата во Вардар.

„Пријателите во Македонија ми кажаа каква е ситуацијата во Вардар. Тоа е клуб како Левски и ЦСКА кај нас во Бугарија, со богата траиција и многу навивачи. Еден од најпопуларните клубови во Македонија. Не можам да кажам ништо во детали, но сакаме да помогнеме“, кажа Георгиев.

Георгиев во кариерата настапуваше за многу тимови, меѓу кои и Црвена Звезда, Дуисбург, Рубин Казан…