Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Управата на Вардар потврди дека новата сезона ќе ја почнат на 29 август, кога треба да се пресметаат против Нексе во СЕХА-лигата.
Вардар ќе биде домаќин на средбата, која треба да се одигра на 29 август во 20.15 часот, а публика нема да може да биде присутна поради протоколите за ковид-19.
„Црвено-црните“ првиот дуел во четвртфиналето од регионалното натпреварување го добија во февруари со 31-30 на гостински терен.
Ако Вардар се пласира понатаму, тогаш во полуфинале ќе се соочи против незгодниот ППД Загреб.