Вардар си најде замена за Скубе и тоа во ППД Загреб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар полека го комплетира тимот кој ќе настапи следната сезона, а денеска беше објавено дека била пронајдена и замена за Сташ Скубе.

Словенецот си замина од Вардар, а негова замена ќе биде ракометарот на ППД Загреб, Анте Гаџа, кој потпишал едногодишен договор со „црвено-црните“.

Гаџа сезонава постигна 40 погодоци за хрватскиот гигант и беше еден од најдобрите асистенти во СЕХА-лигата, каде што запиша 29 асистенции.

Претходно во Вардар пристигнаа Филип Талески, Томислав Јагуриновски, Димитри Санталов, Гоце Георгиевски и Кантеграл.

Во екипата од старите ракометари ќе останат Столе Столиов, Кристијан Дисингер, Иван Чупиќ, Тимур Дибиров, Борко Ристоски, Глеб Калараш и Мишевски.