Вардар со пораз ја стартуваше авантурата во Лигата на шампионите, во несреќен финиш загуби од Мешков Брест


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Вардар одигра солиден натпревар, посебно во второто полувреме на гостувањето кај брест кај тимот на Мешков.

Мешков Брест славеше со 24:22 со два голови постигнати во последните моменти од натпреварот.

Домаќинот го диктираше резултатот во првиот дел, а на полувреме заминаа со предност од два гола разлика.

Вардар одигра одлично второ полувреме и на крајот на истото имаа предност од два погодоци, но истата не успеаја да ја задржат до самиот крај и на крајот за жал со наведнати глави ја напуштија салата во Брест.

Најпрецизен кај вардарци беше искусниот Марко Вујин кој постигна шест погодоци, додека најефикасен на натпреварот беше Паниќ со седум постигнати голови.