Варди раскажа една неверојатна приказна за Нголо Канте: Не сакаше ни да чуе за автомобил…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одличниот фудбалер на Челси, Нголо Канте важи за еден од најскромните фудбалери во денешницата.

Иако заработува големи пари, цврсто стои на земја и не ги троши парите на непотребни работи, како многу од неговите колеги.

Пред неколку години, Канте беше анонимус кога пристигна во ЛЕстер. И тогаш бил прилично скромен, па дури не ни сакал да го земе клупскиот автомобил. Џејми Варди откри интересни детали околу омилениот Французин.

„Се сеќавам кога дојде во клубот. Не сакаше да земе автомобил затоа што трчал секој ден за на тренинг и не сакаше да ги промени тие навики. Како би го опишал? Многу фино момче надвор од теренот, но на теренот е целосно друга приказна. Вистинска напаст е и не е важно каде се наоѓа топката, тој ќе ви ја земе“ –истакна Варди.