Вашингтон реди победи, уште еден добар меч за Јакимовски 🎥


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра уште еден одличен натпревар за екипата на Вашингтон стејт кугарс.

Младиот кошаркар во триумфот против Монтана стејт од 82-54 постигна десет поени, седум скокови и две асистенции за 34 минути минати на паркетот.

Вашингтон сезонава не знае за пораз, а Јакимовски добива сè поголема шанса на паркетот за неговиот тим, па досега заигра на шест натпревари.