Вавринка: Алкараз ќе биде подобар од Синер за десет години


Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓


Стен Вавринка има 40 години, на АТП листата е на 129. место, но сè уште не се откажува од натпреварувањата. Добил вајлд карта за мастерсот во Шангај, прв противник ќе му биде Фабијан Марожан од Унгарија, а во второто коло би можел да игра против Тејлор Фриц.

Некогаш третиот тенисер во светот не играл на АТП турнеја од јули во Умаг, во меѓувреме солидно настапил на некои челенџери и сега сака повторно да се претстави на големата сцена.

Руски Јутјуб канал направил кратко интервју со Швајцарецот. Веројатно најважното прашање се однесувало на ривалството меѓу Карлос Алкараз и Јаник Синер.

– Кој од нив двајцата ќе биде подобро рангиран на светската листа за десет години?

– Алкараз – одговорил Вавринка, но не дал никакво објаснување.

– Кој ќе заработува повеќе за 20 години, тенисерите или јутјуберите?

– Јутјуберите.

– Дали ќе се смета тенисот како сега за 30 години или ќе биде променето?

– Тоа е многу далеку, но јас верувам дека ќе остане исто.