Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Тикратниот гренд слем шампион Стан Вавринка од Швајцарија и легендарниот француски тенисер Ришар Гаске добија специјални покани за настап во главниот ждреб на Ролан Гарос, соопштија денеска организаторите.
Гаске (38), кој е моментално 160. тенисер во светот, најави уште во октомври дека годинашниот Ролан Гарос ќе биде неговиот последен турнир во кариерата, па неговата вајлд карта беше очекувана.
Имаше малку повеќе неизвесност околу Вавринка (132. на АТП листа), шампион на Отвореното првенство на Франција од 2015 година, но организаторите одлучија да му укажат чест и нему.
Фото: Принтскрин