Вавринка не оди во пензија: Блиску е крајот, но не се предавам!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Станислав Вавринка кажа дека сè уште не размислува за пензија, иако во изминатиот период нема најдобри резултати.

Вавринка нема освоено титула веќе неколку години, но и покрај тоа не се откажува од тенисот.

„Свесен сум дека крајот е блиску, но уште можам да играм, не се предавам. Имав четири неверојатни години во кои освоив три гренслем-титули и еден Мастерс“, кажа Вавринка.