Важи за еден од најдобрите, ама Куртоа во Реал Мадрид е – очаен! (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа е еден од најдобрите голмани во светот, но откако си замина од Челси се соочува со големи проблеми, па статистички гледано тој е многу лош сезонава.

Куртоа лани си замина од Лондон, па потпиша за „кралевите“ и требаше да претставува едно од најголемите засилувања за шпанскиот тим.

Сепак, неговата статистика воопшто не е добра, зашто Белгиецот на последните 11 меча примил најмалку по еден погодок, односно вкупно има примено 15 гола.

Секако, за лошите настапи на Реал не може да го обвиниме само Белгиецот, туку и целата одбрана на шпанскиот тим, зашто тие не се на очекуваното ниво на стартот на новата сезона во Ла Лига.